Промоција на албум и спот на Furion
Минат настан

Промоција на албум и спот на Furion

22.2.2013 @ 19:30
Бифе Фросина, МКЦ

DIEHARD RECORDS ви го најавува деби албумот на FURION "Thrashing Folks"

На 22-ри Фебруари во бифето Фросина во Младинскиот Културен Центар премиерно ќе го слушаме албумот и ќе го гледаме првото видео на Furion.

Промоцијата започнува во 20:30 часот и влезот ќе биде бесплатен.

Албумот ќе се продава промотивно по цена од 200 денари.

Дојдете, купете албум, поддржете ги Македонските групи и локалната сцена.