Asphyx снимаат нов албум!
Вести • 30.1.2012 • од tribe

Asphyx снимаат нов албум!

Холандските дет металци Asphyx започнаа со снимање на нивниот нов албум "Deathhammer" во јануари 2012.
„Досега се снимени гитарите, басот и тапаните. Продуцент на овој албум ќе биде Dan Swano. "Deathhammer" ветува дека ќе биде темен наследник на албумот "Death... the brutal way". Речиси секој бенд тврди дека нивниот нов албум ќе биде потежок и побрутален од претходниот но во нашиот случај тоа е голата вистина. "Deathhammer" е потежок, потемен и подумерски во секоја смисла. Можеби тоа е така бидејќи поголемиот дел од песните беа напишани доцна есента или зимата?!“ - изјавуваат членовите на бендот.