Incarcerated се многу интересен мелодичен дет/треш бенд од Лондон. Бендот е тазе оформен, досега имаат само едно ЕР и еден сингл, а еве веќе и прв албум. Имаме можност да ја слушнеме насловната од албумот Fatal Fate, многу, многу интересна песна со широки мелодии кои ја следат цела песна, не е тоа само простор за соло и, толку, туку ја бојат песната по цела должина. Интересна е и играта со бувата „Ф“, сите стихови (па и насловот, нели?) почнуваат со „Ф“. Инаку, текстот е одличен, да не се разбереме погрешно. Според мене, токму ваквите бендови ја даваат вистинската ширина и еволуцијата на музиката, како антипод на техничко-билдерските физички можности на музичарите/бендовите.
Original post