Megadeth имаат нов сингл, Tipping Point. Мора да се истакне дека звучи беспрекорно добро и како што треба. Баш металски, ко годините никогаш да не го стигнале Мустејн. Дури, на прво слушање да се посомнева човек дека Марти се вратил во бендот. Значи, песната е и за пофалба и за препорака. Освен текстот, кој, во најмала рака изгледа како да е напишан колку да е тука. Просто чоек да не веруе дека Мустејн напишал ваков текст, после сите феноменални текстови што ги има напишано... Да се надеваме дека текстот на песнава е one off.
Original post