MKMETAL
Минатиот месец под радарот излезе еден скандалозно добар албум и тоа од бенд кој не е светски познат. Станува збор за Species од Полска, бен
Вести 19.10.2025

Минатиот месец под радарот излезе еден скандалозно добар албум и тоа од бенд кој не е светски познат. Станува збор за Species од Полска, бен

Минатиот месец под радарот излезе еден скандалозно добар албум и тоа од бенд кој не е светски познат. Станува збор за Species од Полска, бенд кој свири технички прогресивен треш метал. Бендот постои од 2018, а Changelings им е втор студиски албум во кариерата, иако сите членови свиреле или се уште свират во еден куп бендови. Албумот има само седум песни, а трае 40 минути, а за мене е апсолутно ремек дело. Changelings е одлична илустрација за тоа како се прави одлично дело со префинето чувство за звук. За што се работи? Продукциски албумот е така сработен што се е во служба на изразот и филингот на самите песни. Нема индивидуални истакнувања (и истрчувања во стилот „види што знам/види што можам“). Особено интересни се два моменти: тапаните во целиот микс кои се толку добро поставени што се апсолутно во служба на целокупниот звук, односно, во исто време газат со бас гитарата, но и дозволуваат на гитарата да ја води мелодијата. Вториот, скромната виртуозност на басистот и моментот кога солажите дишат без втора гитара во позадина (бидејќи имаат само еден гитарист, воедно и вокал) - бесценето!
За мене, конкурент за албум на годината (ако не и повеќе)!

Original post