Некој да ми предвидуел дека од прво слушање хеви балада ќе се закачам на некој бенд, ваљда ќе сум се смеел. Не знам дали ви се познати Ambush, мене сигурно не. Никад неам загазено у хеви метал ама баладава е толку ретро шо немаше шанси да не ја преслушам десетина пати. Не е лошо текстчето ама па затоа баладава е феноменално изградирана и освен пофалби, неам ниедна замерка. А може и да ми се ругате не е проблем ама прво слушнете ја песната и кажете дали ќе останете само на едно слушање. Како и да е, Ambush во петок издаваат нов албум!
Е, да. Не споменав дека се Швеѓани...
А, да. Да ве прашам вака у поверење, дали некој песнава го потсетува на Don't Cry од GNR? :D
Original post